Релаксација со Алгасан на Женска трка

Првиот викенд во април, поточно во недела, на 5. април, тимот на Алгасан беше присутен на Женската трка која е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски маратон 2015. Овој настан се одржа во Градскиот парк, при што патеката беше 1 км трчање низ паркот, со претходно загревање со аеробик вежби, а по трчањето – релаксација со Алгасан. Алгасан е постојан партнер на Скопско ноќно трчање и Трчаме заедно, како и повеќегодишен спонзор на Скопскиот маратон.