Ултимативен Фит Предизвик

Алгасан и Бут Камп Бубало

Оваа пролет во знакот на
Ултимативниот фит предизвик

Во петокот, на 06.03.2015, омилениот бренд на спортистите Алгасан и Бут Камп Бубало го најавија најголемиот фит настан на отворено за оваа пролет – Ултимативниот фит предизвик. Овој ултимативен предизвик е само продолжување на веќе добро познатата стратегија на брендот Алгасан застапуван од компанијата Натусана Македонија, да биде присутен секаде каде што има спорт и да ги поддржува иницијативите за здрав и активен живот.

Ултимативниот фит предизвик ќе се одржува во Спортскиот центар Форца секој вторник, почнувајќи од 7-ми април па сè до крајот на јуни, во 18:20 часот.

Во предизвикот ќе учествуваат од 20 до 40 мешани тимови од по тројца натпреварувачи, девојки и момци. Пријавувањето на тимовите е бесплатно и ќе трае до 29 март 2015, а сите заинтересирани ќе можат да се пријават на www.natusana.mk/predizvik или на имејл zdravanavika01@gmail.com.

Целта на предизвикот е развивање и поддршка на здравите навики, што е сосема во склад со слоганот на Натусана – „Здрава навика“, како и поттикнување на натпреварувачки дух, дружење и забава на отворено.

А за најдобрите натпреварувачи, Алгасан обезбедува вредни награди:

  • Секој вторник – награда на денот за најдобриот тим
  • Викенд на море за победничкиот тим на предизвикот: две ноќевања, со вклучен превоз, појадок и вечера
  • Викенд во Лазарополе за второпласираниот тим: две ноќевања, со вклучен превоз, појадок, ручек и вечера
  • СПА-релаксација за третопласираниот тим

И секако, за сите натпреварувачи – релаксација со природните хербални производи од линијата Алгасан за спортисти и физички активни луѓе – Алгасан Мобил гел и Алгасан Мобил крем.

Се гледаме на 7-ми април во Спортскиот центар Форца!